Поврат на ДДВ

Нашата услуга за враќање на данок (враќање на ДДВ) е сосема оригинална и единствена услуга на македонскиот пазар. Целта на оваа услуга е враќање на странски ДДВ на правни лица регистрирани во Македонија.

Со враќање на странскиот ДДВ, правните лица од Македонија можат да заштедат дури 1/5 од странските трошоци, бидејќи повеќето стапки на ДДВ во европските земји се околу 20% (тие се движат од 17 до 27%).

Правна сигурност

Оваа сигурност ја обезбедивме благодарение на нашата меѓународна мрежа на канцеларии, која ужива висока репутација меѓу даночните администрации во регионот и во земјите на ЕУ.

Тој позитивен рејтинг е изграден и стекнат пред години, а се заснова на професионалниот и одговорен пристап.

Целосна законост

На корисниците на нашите услуги им овозможуваме ЦЕЛОСНА ЗАКОНОСТ на квалитетот на услугата, бидејќи за секое поединечно барање за поврат на ДДВ, клиентот добива Решение на домицилната даночна управа, кое служи како законска основа приходот од враќање на странскиот ДДВ да се признае и прокнижи како и секој друг законски приход од која било дејност на клиентот.

Транспарентност

Нашата услуга е целосно транспарентна затоа што континуирано ги информираме клиентите за сите фази на постапката за враќање на средства, почнувајќи од приемот на документите во стационарната даночна управа до фазата на исплата на парите.

Сите документи секогаш и исклучиво се испраќаат преку меѓународна регистрирана курирска служба како што се DHL, TNT или слично.

Едноставно, со странската услуга за враќање на ДДВ, на нашите клиенти им овозможуваме целосен деловен комфор според највисоките меѓународни стандарди.