Основната дејност на ДДВ СЕРВИС ИМО е обезбедување на услуги за враќање на странско ДДВ на правни лица регистрирани во Македонија. Покрај основната дејност, ДДВ СЕРВИС ИМО обезбедува и услуги за враќање на македонско ДДВ на правни лица регистрирани во странство.
Успешно, брзо и квалитативно обезбедуваме услуги за враќање на странски ДДВ на правни лица регистрирани во Македонија благодарение на нашата мрежа на канцеларии во регионот како и во земјите на Европската Унија. Најчести трошоци за кои се враќа странскиот ДДВ се: хотелско сместување, гориво и патарини, обука и едукација, конгреси, конференции, трошоци за изнајмување, обработка и доработка на производи и др.