Povrat PDV-a

АДРЕСА: Перо Наков бр.1, Скопје | tel: +389 (2) 31 71 620       +389 (78) 265 529

ПРАВНА ОСНОВА ЗА ВРАЌАЊЕ НА СТРАНСКИ ДДВ

Европската идеја за поврат на странски ДДВ се заснова на едноставна теза која гласи: Правно лице кое не работи, т.е. не врши даночен промет во земјата X на Европската унија – дури не треба да го полни буџетот на таа земја.

Правна основа за поврат на странски ДДВ во земјите членки на ЕУ е Директивата 8. Таа е во сила од 1982 г.

Последователно, во 1997 година, ЕУ ја усвои Директивата 13, која го промовира правото на поврат на ДДВ од земјите-членки на ЕУ на правни лица регистрирани надвор од ЕУ. Оваа директива се спроведува од 1998 година.

Затоа, Директивата 13 е правна основа за поврат на ДДВ на македонски правни лица од земјите на ЕУ.

Двете директиви се составен дел на националното законодавство за ДДВ. На земјите-членки на ЕУ им е оставен избор, дали да ја применат Директивата 13 безусловно или да ја ограничат нејзината примена на условот за „билатерален реципроцитет“. Повеќето земји на ЕУ ја применуваат Директивата 13 безусловно..

Користејќи го правото на неконзистентна примена на Директивата 13, некои земји, како што се Шпанија, Словенија, Хрватска, Германија, Унгарија, Чешката Република, Полска, Романија, Бугарија и Грција, ја применуваат Директивата 13 со задолжителна примена на реципроцитет.