Првиот чекор во враќањето на ДДВ е анализа на можностите за враќање на ДДВ врз основа на документацијата која клиентот ќе ја достави. Постапката за рефакција на ДДВ (враќање на ДДВ) вклучува неколку различни процедури кои вклучуваат: проверка и анализа на постоечката документација, избор на валидни документи, директна консултација со клиентот, изработка и поднесување барања итн. Клиентите немаат никакви финансиски или други трошоци кон нас додека не добијат одобренија за позитивно решените барања за рефундирање. За да се изврши враќање на ДДВ, потребни се: оригинални фактури (по можност да гласат на име на фирмата), потврда од локалната даночна управа дека компанијата е во системот за ДДВ, како и други потребни документи пропишани со даночните администрации на земјите од кои бараме враќање на ДДВ.
Македонските компании можат да извршат рефундација од Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Данска, Финска, Франција, Ирска, Исланд, Јужна Кореја, Луксембург,Србија, Малта, Монако, Германија,Полска, Холандија, Норвешка, Словенија, Шведска , Швајцарија, В. Британија.
Право на враќање на македонско ДДВ имаат странски правни лица регистрирани во следните земји: Австрија, Босна и Херцеговина, Белгија, Црна Гора, Данска, Холандија, Хрватска, Германија, Норвешка, Унгарија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Швајцарија, Велика Британија Британија.