Рокови за поднесување барања

Враќање на странски ДДВ

Барањата за враќање на странски ДДВ во повеќето земји на ЕУ и Регионот на EX YU се поднесуваат најдоцна по истекот на 6 месеци од претходната година. Значи, рокот за поднесување барања за сите фактури од претходната година во повеќето земји е 30 јуни во тековната година. Исклучок е Велика Британија, каде фискалната година за ДДВ за клиенти надвор од ЕУ се пресметува од 01.07. во претходната година до 30.06. во тековната година, што значи дека за поднесување барања за фактури издадени во периодот од 01.07. во претходната година заклучно до 30.06. од тековната година – краен рок е 31.12. од тековната година.

Исклучок е Холандија, каде што барањата за враќање може да се поднесуваат наназад (ретроактивно) за последните 5 години.

Некои држави дозволуваат последователно поднесување барања во текот на календарската година (квартално или полугодишно), а мал број држави пропишуваат поднесување барања само по крајот на календарската година.